Сè почести се озборувањата дека актерот заслужува помлада и поубава жена од неа: Тој бил дотеран, а таа како да ѝ се потсмевала на модата!

Воопшто не биле усогласени

Славниот актер Хју Џекмен пристигнал во Венеција со сопругата Дебора. Двојката била видно расположена, додека нивните модни комбинации биле многу интересни

Славниот актер Хју Џекмен пристигнал во Венеција по повод 79. филмски фестивал во придружба на 13 години постарата сопруга Дебора Ли Фернес.

Во таа пригода папараците успеале да забележат неколку интересни фотографии. Двојката била видно расположена и насмеана, а покрај нивното добро расположение, можел да се забележи и необичниот стајлинг на Дебора.

Таа носела опуштена, лежерна варијанта. Облекла црна маица и црни памучни бермуди, додека долгите, бели чорапи со линии биле убедливо највпечатливи.

Интересно е што Дебора често носи комбинации во црна боја, па вистинска реткост е да биде видена во некоја друга боја.

Од друга страна, Хју го покажал своето згодно тело, па се одлучил за потесен модел на темносиви фармерки, кои одлично се вклопиле со белата маица, која исто така била припиена за неговото тело. Целата комбинација ја зачинил со популарното карирано сако во сиви нијанси.

Во овие комбинации двојката изгледала многу опуштено, а со своето расположение и држењето за раце покажале дека уживаат во љубовта.

Да се потсетиме дека Дебора е 13 години постара од Хју, поради што двојката често се има соочувано со негативни коментари и осуди од јавноста.

И покрај разликата во годините, тие двајца важат за една од најскладните двојки, а оваа година прославиле 26 години од бракот.

По долгата борба за потомство со вештачко оплодување, двојката на крајот посвоила син и ќерка.

Хју во една пригода открил дека тајната на нивниот успешен брак е тоа што секогаш наоѓаат време еден за друг.

Сè почесто се коментира дека нивната разлика во годините е сè поочигледна, меѓутоа двојката не обрнува внимание на негативните коментари.

Венсан Касел (55) сед, слаб и љубоморен: Дури сега се гледа големата разлика во годините меѓу него и сопругата (24)!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.