Само парите ѝ се важни: Се венчава за да се разведе, со цел да создаде совршено реално шоу и да си го зголеми богатството!

Шок!

Дали секој чекор на Ким Кардашијан е толку промислен?

Неодамна, како бомба одекна веста дека Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон ја раскинале деветмесечната врска. Меѓутоа, старлетата како веќе да го имала подготвено следниот чекор со којшто ќе го привлече вниманието на светската јавност!

Имено, таа објавила фотографии со ќерка ѝ Чикаго, на кои позира со очила за сонце. И тоа не би било ништо чудно да не стануваше збор за модел што ѝ припаѓа на модната линија на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Иако изгледаше како Ким да ужива со Дејвидсон, нивната љубов имаше краток век. По нејзините фотографии со очилата на Вест, веднаш почна да се шушка дека бившите сопружници ќе се смират, но Ким ги демантирала тие претпоставки. И нивниот брак кој траеше седум години беше проследен со бројни скандали. Конечно се разведоа на почетокот од 2021 година. Покрај ќерката Чикаго, имаат уште два сина, Псалм (3) и Сент (6).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Во епизодата од реалното шоу на Кардашијан што беше емитувана во мај, Ким истакнува дека без оглед на тоа во какви односи е со поранешниот маж, таа сака нивните деца да поминуваат што повеќе време и со татко им.

„Без разлика на тоа низ што поминуваме, секогаш сакам моите деца да бидат што е можно повеќе во близина на својот татко. И да ги поминуваат утрата заедно и да ги однесе на училиште“, рекла најпознатата старлета на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)


Меѓутоа, се поставува прашањето дали бурните случувања од изминатиот период се само чиста случајност или Ким сето тоа добро го изрежирала за да си ја врати старата слава и повторно да биде во центарот на светското внимание?

Досега невидени фотографии од Ким Кардашијан: ВАКА изгледала во 1996 година! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.