Џеј Ло се врати од меден месец, па заблеска: Покажа како се носи најпопуларната торба!

Покажа дека има стил

Џеј Ло одржа модна лекција

Пејачката Џенифер Лопез неодамна била фотографирана пред студио во Лос Анџелес во лежерно модно издание.

Џеј Ло го помина медениот месец во Париз, како и одморот на Капри, со својот сопруг Бен Афлек. Според нејзиниот израз на лицето, може да се каже дека одморот многу ѝ годел.

Пејачката била видно расположена, излегла од својот автомобил со широка насмевка и со маркантна торба во рацете. Нејзината модна комбинација одлично оди со нејзиното опуштено расположение.

Широките беж панталони ги споила со широк бел дуксер, додека во раката носела скапоцена чанта од модниот бренд „Диор“. Вредноста на оваа чанта се проценува на 3.350 долари, додека ваквиот модел е многу популарен, односно станал симбол на престиж.

Чантата неверојатно потсетува на торбите за на пазар, па на многумина не им е јасно зошто е толку скапа. Меѓутоа, модните дизајнери често наоѓаат инспирација од обични работи, па колку што е идејата полуда толку поскапо ќе биде модното парче.

Пејачката покажала дека навистина има стил, водејќи сметка и за боите – комбинацијата на беж и бела боја е одличен избор за летниот период.

Да се потсетиме, Џеј Ло неодамна беше фотографирана во Лас Вегас, каде што била видно нерасположена. Тоа ги покрена приказните дека се покајала поради венчавката со Афлек. Меѓутоа, сега сето тоа го демантирала со својата широка насмевка и расположеност.

КАКО БОНБОНА! Џеј Ло во најромантичниот фустан годинава: Во вакво дамско издание одамна ја немате видено (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.