Принцот Хари и Меган Маркл како сиот нормален свет: Сами си го носат товарот (ФОТО)
И среќни се поради тоа!
Осамнаа првите фотографии од принцот Хари и Меган Маркл по нивното заминување од Велика Британија и повлекувањето од кралските должности, популарно наречено „мегзит“.
Имено, сопружниците се снимени во петокот, на Денот на вљубените, на аеродромот во Канада, каде што пристигнале со комерцијален лет од САД, а она за што најмногу се зборува е фактот што поранешните благородници сами си ги носеле куферите симнувајќи се од авионот.
Хари и Меган допатувале од Мајами, каде што биле на вечера со Џенифер Лопез и Алекс Родригез, пренесуваат светските медиуми.
Изгледа дека патувањето им годело, па и двајцата блескаат од среќа на фотографиите што ги преплавија социјалните мрежи и медиумите. Проценете сами:
Фото: Инстаграм