ПРЕКРАСНА! Најзгодната жена на светот го прослави 30-тиот роденден: Овој фустан не може да скрие ниту еден недостаток!

Како ви се допаѓа?

Поранешната Мис на Америка и на универзумот, Оливија Кулпо, го прославила 30-тиот роденден во друштво на пријателите и семејството, а според сликите и видеата што ги објавила на Инстаграм – одлично се забавувала

Славеничката се појавила во многу атрактивен фустан, за кој е потребна голема самодоверба. Имено, сребрената мини-креација е со нагласено деколте, а шлицот стигнува буквално до струкот.

Извајаните нозе дополнително ги нагласила со сандали на вртоглаво високи потпетици, додека долгата брановидна коса и шминката во нуд-тонови биле нејзиниот избор во доменот на убавината.

Мора да признаеме дека Оливија навистина изгледа одлично, а таа има зборувано за тајната на нејзиниот добар изглед:

„Не сум човек што може да биде на сокови или на некои строги диети. Мене ми одговара да ги намалам јаглехидратите и да ги базирам оброците на протеини. Тоа е за мене“, рекла Кулпо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Frances Culpo (@oliviaculpo)


Да се потсетиме, убавата бринета била прогласена за најзгодната жена на светот според магазинот „Максим“, а во 2012 година победила на изборот за Мис на универзум.

Вака се храни најпривлечната жена на светот: Оливија Кулпо има тело од соништата благодарение на ова мени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.