Пред погребот на принцот Филип, Меган ѝ се јавила на кралицата: Постапка за која цела Британија зборува со сомнеж!

Наместо да се појави во Лондон, таа ѝ се јавила на кралицата

Многумина се сомневаат во нејзините благородни намери

Иако односот на кралското семејство со војводите од Сасекс, а особено со Меган Маркл, сериозно е нарушен по интервјуто што поранешната актерка и принц Хари го дале за Опра Винфри, британските медиуми пишуваат дека Меган сепак се слушнала со кралицата Елизабета пред погребот на принцот Филип.

Според магазинот „Пипл“, Меган се слушнала со бабата на нејзиниот сопруг и, наводно, го вклучила и малиот Арчи во разговорот за да ја развесели малку тажната кралица. Дел од британската јавност ја дочека оваа вест со воодушевување, додека многумина се сомневаат во благородните намери на несудената војвотка.

Освен со кралицата, Меган секој ден се слушала и со својот сопруг, знаејќи колку тешко му паднала смртта на дедо му Филип, но и раздвоеноста од неа и синот.

Наводно, целото време го уверувала дека таа и Арчи се добро за да се опушти барем малку, но Хари побрзал да се врати кај своето семејство два дена по погребот и ден пред 95-от роденден на кралицата Елизабета, што многумина го виделе како можност семејството да ги среди меѓусебните односи.

Да се потсетиме, Меган Маркл не присуствувала на погребот на принцот Филип, а како причина за тоа наведена е бременоста на војвотката. Меѓутоа, се појавија наводи дека поранешната актерка не сакала да дојде на погребот, бидејќи била сигурна дека ќе биде во центарот на вниманието, што не го сакала.

Меган Маркл не присуствуваше на погребот, но сепак му одаде почит на принц Филип на овој начин
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.