Познато е кога ќе биде погребана Марина Туцаковиќ

Фото: Лука Шарац

Со нејзината смрт, музичката сцена во регионот претрпе голема загуба

Легентарната хитмејкерка Марина Туцаковиќ почина на 19 септември во 67-та година од животот. Според информацијата на сајтот ЈКП погребални услуги, Марина ќе биде погребана во среда, на 29 септември, во 12.30 часот на Новите гробишта во Белград.

Инаку, последната желба на авторката на најголемите хотив беше да ја погребаат покрај нејзиниот син Милош Радуловиќ токму на Новите гробишта., а не во Алејата на заслужните граѓани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina Tucaković (@marina.tucakovic)

Потсетуваме, Марина пред 13 години го пронајде мртов својот постар син Милош во неговата соба. Тој во тоа време имаше 24 години. Милош беше погребан три дена подоцна на Новите гробишта. Синот на Марина и Александар Радуловиќ – Фута почина ненадејно, а за најболниот ден во животот хитмејкерката зборуваше само еднаш во јавноста. (Повеќе за тоа можете да прочитате ТУКА).

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.