Последно збогување со кралицата: Кејт и Вилијам на Твитер се простија со емотивна порака

Свет

Принцот и принцезата од Велс вчера се простија од кралицата Елизабета Втора преку трогателна објава на Твитер.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на официјалната страна на Кенсингтонската палата објавија црно-бела фотографија од ковчегот на кралицата од капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде што се одржа богослужбата, а потоа беше погребана Елизабета Втора.

Тие на својот официјален Твитер профил напишаа:

Збогум кралице наша, мајко, бабо и прабабо.“

Принцот и принцезата од Велс се држеа цврсто во текот на денот додека ги извршуваа своите должности како дел од државниот погреб на кралицата во Вестминстерската опатија, а подоцна и за време на службата во Виндзор. Тие беа придружувани од нивните деца, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, додека најмладиот Луис го пропушти настанот, поради возраста.

Кралицата, која почина на 8 септември во Балморал, е погребана покрај нејзиниот сопруг принцот Филип, татка си кралот Џорџ Шести, мајка си и сестра си, принцезата Маргарет.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.