Направете си свој кетеринг, го имаме совршениот солен колач: Идеален за прослави и собиранки со друштвото

Рецепт

Мезе што ќе ги воодушеви сите присутни.

Солените колачи се незаменлив дел од секој важен настан. Без разлика дали се работи за родендени, семејни собири или големи празници, тие се одличен избор за вашата трпеза.

Потребни состојки:

2 тост леб (4×3-12 парчиња во еден ред), извадете ја кората

3 мајонези од по 200 г

3 павлаки со 20 % масленост

4 варени јајца

7 кисели краставички

300 г шунка

150 г фета-сирење

200 г кашкавал

100 г кечап

Начин на подготовка:

ПРВ ФИЛ:

1 мајонез

1 павлака

4 варени јајца, сечкани

2 краставици

Соединете ги сите состојки.

ВТОР ФИЛ:

1 мајонез

1 павлака

300 г шунка – ситно сечкана

кесичка кечап (100 г)

Соединете ги сите состојки.

ТРЕТ ФИЛ:

1 мајонез

1 павлака

150 г фета-сирење (изронето)

5 краставици

Соединете ги сите состојки.

Редоследот на редење на тортата од долу кон горе:

Тост, прв фил, тост, втор фил, тост, трет фил, одозгора ситно рендано сирење.

Кога го приготвувате, најдобро е тоа да го направите претходниот ден за да ги впие филовите тостот. Послужете и уживајте!

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.