Полиција и итна помош интервенирале во домот на славниот актер: Со денови се случувале необични работи

Проблемите се таложат

Мајкл Даглас (76) се обидел да ја заведе својата 20-годишна помлада сопруга Кетрин Зета Џонс со клише-изјавата „Јас ќе бидам таткото на твоите деца“, и на крајот успеа. Иако подолго време медиумите ги разведуваат, тие и понатаму се заедно, но не за долго, изгледа…

Имено, дека работите не се како што би требало да бидат потврдува присуството на полицијата и на итната помош во нивниот дом, кое предизвика дополнителна загриженост кај обожавателите на славниот актер.

Луѓето во куќата беа загрижени за здравјето на Мајкл, бидејќи се однесувал чудно, па мислеа дека му треба медицинска помош“, изјави неименуван инсајдер за магазинот „Интач“.

Блиските извори за ова списание откриваат дека актерот не бил во добра ментална состојба, но медиумите не добиле детали за тоа што точно се случило, иако се шпекулира дека карантинот поради пандемијата на коронавирусот лошо се одразил на неговиот брак.

За неговата состојба се зборуваше неодамна, кога пријателите се загрижиле за неговото евентуално враќање на алкохолот, а своевремено се бореше и со ракот на грлото.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.