По потресните слики на Криси Тајген, Ким Бекинсејл открила дека и таа изгубила бебе: „Тоа се најболните моменти!“

Најтешките моменти

Убавата актерка признала дека пред неколку години сама во четири ѕида се борела со неизмерната тага поради загубата на своето бебе

Откако Криси Тајген (34) го изгубила бебето па споделила потресни фотографии од болницата, манекенката се соочила со еден куп критики на социјалните мрежи дека сѐ прави за популарност, но Кејт Бекинсејл (47) застанала на нејзина страна.

Британската актерка ѝ честитала на сопругата на Џон Леџенд за храброста јавно да зборува за најтешките мигови, откривајќи досега чувана тајна дека и самата да изгубила дете во 20-та недела од бременоста.

https://www.instagram.com/p/CFyWQLWpJ3u/?utm_source=ig_embed

Имено, Кејт Бекинсејл на својот инстаграм-профил ја поддржала манекенката и ѝ се заблагодарила што за разлика од неа имала сила да зборува за својата болка.

„Забележав дека луѓето ја критикуваат Криси Тајген бидејќи одлучила да ги сподели најинтимните фотографии, направени во моментот кога го изгубила детето. Како да постои некој протокол до кој треба да се придржуваме, тажно е да се гледа како луѓе кои не ја познаваат ниту неа, ниту нејзиното семејство, да зборуваат како таа треба да се однесува“, напишала актерката и признала дека и самата таа поминала низ истиот пекол поради загубата на своето бебе.

„Пред неколку години го изгубив бебето во 20-та недела од бременоста. Успеав да сокријам дека сум бремена и на крајот се скршив, а никој немаше поим за тоа. Постои таа тага, срам, но и шок што доаѓаат заедно со овие работи, но и скршено срце додека вашиот живот продолжува понатаму. По загубата, вашето тело продолжува да се однесува како да е детето живо. Ви се појавува млеко, а немате кого да го нахраните со него. Тоа се најболните и најуништувачките моменти, особено ако немате покрај себе личност што ви дава најголема поддршка, а Криси ја има.“

https://www.instagram.com/p/CF1tJ8Egpd1/?utm_source=ig_embed

Покрај тоа, Кејт им дала поддршка и на сите преостанати парови кои поминале низ истото и тагувале во тишина.

Како потсетување, Криси Тајген пред неколку дена на Инстаграм ги сподели своите најболни моменти откако во петтиот месец од бременоста го изгубила третото дете.

Криси Тајген го изгуби бебето – „Ова се најтешките денови во мојот живот!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.