Најдобриот народен лек против воспаление на белите дробови: Со голема брзина ги лечи сите респираторни проблеми!

Природно

Народната медицина има решение за сите здравствени проблеми

Воспалението на белите дробови е инфекција на долните дишни патишта кое може да биде предизвикано од различни причини. И покрај развојот и напредокот на медицината, ова и понатаму е голем здравствен проблем. Ако не се лекува може да доведе до акутно откажување на белите дробови.

Симптомите што го следат воспалението на белите дробови се болка во градите или грбот, краток здив, температура, млитавост, губење на апетитот.

Народната медицина има решение и за овој проблем. Природниот лек ќе ги ублажи респираторните проблеми, а за приготвување ќе ви треба:

  • чај од листови од коприва
  • чај од дабови лисја
  • чај од добричица
  • чај од листови од глуварче
  • чај од ајдучка трева
  • жалфија
  • 2-3 лажици сок од крстовник
Приготвување:

Измешајте по една лажица од секој чај и прелејте ги со половина литар вода, па оставете ги да отстојат 12 часа. Потоа, ставете ги на загреана рингла, додајте сок од крстовник и варете додека зоврие.

Пијте по една шолја од овој чај наутро, попладне и навечер.

Напомена: Пред употреба на кој било народен лек, консултирајте се со лекар.

Најмоќната природна напивка што лекува сè: Не постојат проблеми што не може да ги реши!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.