По „мегзит“, британската јавност се прашува дали ќе ѝ бидат одземени облеката и накитот

Еве што велат познавачите на протоколот

Фото: Getty Images

Војводата и војвотката од Сасекс, принц Хари и бившата холивудска актерка Меган Маркл, се најдоа во центарот на вниманието поради одлуката да се повлечат од кралските должности, потег популарно наречен – мегзит.

Сопружниците објавија дека сакаат да бидат независни и сами да заработуваат за живот – нешто што беше невозможно додека беа дел од кралското семејство.

Облеката што ја носеше Меган откако ја доби титулата војвотката од Сасекс па сѐ досега беше платена од кралското семејство. Кога ќе се земат предвид скапите дизајнерски парчиња во нејзиниот гардеробер, јавноста почна да се прашува дали на Меган ќе ѝ биде дозволено да ја задржи облеката, па и накитот што го добила…

Експертите се оптимисти – сметаат дека кралското семејство нема да ја „соголи“, но дискутабилно е поседувањето на нејзиниот венчален фустан и на скапоцената круна што ги носеше на венчавката.

Како и да е, сигурно е дека Меган Маркл нема да шета гола и боса. Според неофицијални извори, војвотката веќе преговара со познати модни куќи, како „Живанши“, за потпишување договор за соработка вредни… милиони фунти.

Фото: Getty Images

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.