По Дарко Лазиќ, свадба прави и мама Бранка: Се огласи и помладиот младоженец

Повторно е среќна во љубовта

Неодамна во медиумите одекна веста дека мајката на Дарко Лазиќ, Бранка, има момче и, по смртта на нејзиниот сопруг и таткото на пејачот, повторно е среќна во љубовта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branka Lazic (@laziccbranka)

Среќата ја пронашла покрај Драган Пауновиќ, а како што тој откри, својата врска сакаат да ја крунисаат со брак.

Планираме да се венчаме еден ден во прекрасниот Париз. Се разбира, онака како што им прилега на нашите години, со нашата кума Јула Савиќ од Пеќинац – изјави идниот младоженец за српски „Телеграф“.

Како што истакна Драган, кумата од почетокот им била голема поддршка.

Таа отсекогаш беше поддршка и позитивна енергија за нашата врска – истакна тој.

Пауновиќ откри и некои детали од нивната врска, која трае веќе некое време.

Бранка е слободна жена, јас сум разведен, не сме познати личности, па нема потреба многу да се пишува за нас, а генерално сето ова е нормално – вели Драган за Телеграф.рс.

Како што вели, поради работата често соработува со познати личности, а живее на три дестинации.

Често соработувам со познати личности, најмногу со фудбалери, имам менаџерска агенција. Роден сум и живеам во Холандија, исто така често сум во Париз, како и во Србија, постојано сум на таа рута – додаде Пауновиќ.

На прашањето како тој и Бранка ја одржуваат врската, бидејќи Драган е постојано на пат, тој истакна дека патуваат заедно.

Заедно патуваме, секако, убаво е да се сака и да биде вистински сакан. Долго сме заедно, убаво си поминуваме, се цениме и почитуваме, а тоа е најважно – изјави Драган за Телеграф.рс.

Неизбежното прашање беше каков однос има со Дарко и дали бил на неговата неодамна одржана свадба со Катарина Лазиќ.

Што се однесува до Дарко, тој е навистина убаво момче, прекрасен е. Навистина се цениме и почитуваме, убаво прифати се’. Дарко е голема легенда, секако бев и на свадбата – откри Драган.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.