Новогодишна фотосесија: Јелена Карлеуша позира со ќерките, а сите се прашуваат каде е Душко на фотографиите (ФОТО)

Повторно им ги „затна“ устите на „хејтерите“

Не е тајна дека популарната Јелена Карлеуша имаше навистина тешка година. Во јануари 2019 година „пукна“ аферата дека била во љубовна врска со фудбалерот Огњен Врањеш по што следуваше навистина измачувачки период за популарната пејачка, кој за малку ќе и’ го загрозеше и бракот со Душко Тошиќ, но сопружниците успеаја да не потклекнат пред огромниот притисок и да останат во брачните води. Но потоа следуваше голема тага…

Во март 2019, поп-пејачката ја загуби својата најголема поддршка во животот – својата сакана мајка Дивна Карлеуша.

Закрепнувањето беше тешко и, како што самата вели, се’ уште трае. Но Јелена продолжува понатаму, со крената глава, и гордо позира со своите ќеркички Атина и Ника за насловната страница на познат српски магазин. И повторно шпекулации: каде е Душко на семејните фотографии. Одговорот го даде самата пејачка.

Ова беше најтешка година за нас. Се борев да ги заштитам децата од бруталното медиумско насилство, а ни самата не знам како го преживеав сето тоа… а потоа следуваше најтешкиот удар за нашето семејство, ја загубивме нашата убавица, нашиот борец, нашата Дивна. Моите деца заслужуваат да бидат насмеани и среќни, да имаат безгрижно детство. Со сите сили се борам за тоа. Се надевам на подобри денови во Новата 2020 година за сите нас! (Душко не сакаше да се слика)“, објасни Јелена Карлеуша во описот на фотографијата, која ја објави на својот инстаграм-профил.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.