Дара Бубамара по настапот на Новата година ќе отпатува во Париз, каде што ќе го прослави Божиќ, пренесува „Информер“.
Иако веќе неколку години не е во брак со Милан Кесиќ, со кого го има синот Коста, пејачката е редовен гостин во неговиот семеен дом во француската престолнина, каде што живееше до разводот.
Син ми Коста новата година ќе ја дочека во Париз, а јас, бидејќи настапувам, ќе му се придружам подоцна и таму ќе го прославиме Божиќ. Мене секој ден ми е како Нова година, бидејќи многу работам“, вели Дара, и додава:
Со Милан имам одличен однос! Тој е премногу добар и чесен. Многу го сакам, а и тој мене. Затоа Коста никогаш не го почувствува нашиот развод. Одлично функционираме како пријатели и не треба да го менуваме тоа“, заклучува пејачката.
Фото: Hello.rs