Нов тренд или лош избор?: Џиџи Хадид се појави во необично модно издание, фановите се разочарани (ФОТО)

Проголтана

Џиџи Хадид моментално е една од најпопуларните манекенки во светот. Ретко која важна емисија може да помине без неа и нејзината сестра Бела Хадид.

Џиџи важи за вистинска стилска икона, а девојките ширум светот се угледуваат на неа. Манекенката инспирира со својот изглед, но овој пат прошета во Њујорк во необично издание.

Дваесет и седумгодишната манекенка облече карирана кошула и вратоврска со широки панталони, а одозгора се наметна со предимензионирано сако. Сето тоа го носеше со есенските незаменливи обувки – мокасини.

Сепак, овој избор на гардероба е нешто што не сме навикнати да го гледаме на Џиџи, која секогаш е совршено стилизирана. Во овој избор, таа изгледаше како облеката да ја „проголтала“, а комбинацијата на слични бои ја направи непрепознатлива, па многумина се прашуваа дали на Леонардо ди Каприо му се допаѓа во вакво издание?

Неодамна се шушкаше дека манекенката е во врска со оскаровецот, па дури беа фотографирани заедно на забава во Њујорк. Сепак, никој од нив не го потврди тоа.

Џиџи минатата есен раскина со пејачот Зејн Малик. Двојката беше во врска од 2015 година, а во 2020 година добија дете.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.