„Мрзлива пита“ по рецептот на нашите баби: Направете брз колач за цела недела (ВИДЕО)

Рецепт

Мрзливата пита е решение за многу луѓе кои не знаат што би сакале да направат.

Неопходно е:

4 јајца

4 лажици шеќер

кора од измиен лимон

50 мл маслиново масло

30 мл млеко

2 чаши брашно

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

шеќер во прав

700 г рендано јаболко

цимет

1 лажица гриз

шеќер 

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот, се додаваат маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво и се меша убаво.

Половина од тестото истурете го во подмачкана тава и израмнете одозгора. Наредете ги јаболката помешани со цимет и гриз.

Истурете го остатокот од тестото, покријте ги јаболката со смесата и печете на 200 степени околу 45-50 минути.

Исечете го колачот кога ќе се излади.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.