НОВ СКАНДАЛ: Се јави инструкторката по јога, Адам ѝ праќал непристојни пораки, се почувствувала како „искористено ѓубре“

Шоубизнис

Поранешната инструкторка по јога на Адам Левин е четвртата од петте жени што го обвинија оженетиот фронтмен на “Maroon 5” за испраќање сугестивни и експлицитни пораки и таа тврди дека тој ја третирал како „искористено ѓубре“.

„Не станува збор за љубовна врска или за омаловажувачка порака, туку за тоа дека тој не е пристојно човечко суштество“, изјави за Дејли Меил, Алана Забел, која беше негова лична инструкторка по јога од 2007 до 2010 година.

„Пријателите не се однесуваат меѓу себе како искористено ѓубре, а тој така се однесуваше кон мене“, вели таа. Претходно оваа недела, Забел (49) јавно го обвини Адам (43) дека еднаш ѝ испратил текст во кој пишувало:

„Сакам да го поминам денот со тебе, човеку“.

Иако мислела дека пораката можеби тогаш била наменета за неговата девојка, Забел тврдела дека токму таа порака довела до физичка пресметка со нејзиното тогашно момче.

Во тоа време, Забел рече дека се подготвува да им се придружи на Maroon 5 на тримесечна турнеја како инструктор по јога на бендот, но таа тврди дека Левин ја „игнорирал“ нејзината порака за тоа што се случило, „никогаш не се извинил“ што испратил „порака во која тој флертува“ и ја „отстрани“ од тимот.

„Чувствував дека се грижиме еден за друг и тој целосно ме отфрли во еден длабоко вознемирувачки период“, изјави таа за Мејл.

Многу жени се појавуваат со обвинувања

Првата жена што го обвини Адам, инфлуенсер по име Самнер Строх, стана вирална, откако таа обвини дека имала афера со пејачот, чија сопруга Бехати Принсло е бремена со нивното трето дете.

Згодната 23-годишна девојка тврдела дека Адам се вратил во нејзиниот живот за да праша дали е во ред да го именува својот иден син по неа.

Иако пејачот призна дека „ја преминал границата“, тој негираше дека всушност некогаш ја изневерил, физички, својата сопруга.

„Кога дознав дека Адам ја прашал оваа инфлуенсерка дали може да го именува своето бебе по неа, го видов во сосема поинакво светло и решив дека конечно е време да го споделам ова“, објасни Забел.

„Да ги сакав своите 15 минути слава, одамна ќе излезев во јавноста со тоа“.

Таа се надева дека музичарот ќе научи од неговите сега јавни грешки.

„Многу е едноставно. Не биди кретен“, рече таа.

„Не ги третирајте жените како да се за еднократна употреба или како нивната вредност да се базира исклучиво на нивниот изглед. И побогу, бидете пример за вашите млади девојки. Децата учат од она што го гледаат многу повеќе од она што им се кажува“, вели таа.

Левин сè уште не се осврнал на наводите на инструкторот по јога, ниту одговорил на барањето на PageSix за коментар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.