BIOTHERM Water Lovers, парфимериите „Еликсир eксклузив“ и „Пакомак“ ви ја претставуваат акцијата за чистење за 2022 година

„Биотерм“ ја прошири својата заедница на вљубеници во вода низ соработката со „Пакомак“ и со „Еликсир Ексклузив парфимериите“.

Програмата „Биотерм вљубеници во водата“ (Biotherm Water Lovers) е посветена на филозофијата за „Сина  убавина“, чија цел е да ја подобри иднината на океаните, морињата и сите водни еко-системи и тоа почнувајќи уште од 2012 година. Biotherm верува дека соработката надвор од индустријата за убавина, со партнери кои ги делат истите вредности е клуч кон остварување на визијата.
Како дел од оваа заедничка мисија, Biotherm и Пакомак спроведоа акција на собирање на отпадоци на просторот на поранешниот полигон за полагање на возачки испити, кој се наоѓа веднаш до реката Вардар во центарот на Скопје.

Оваа едукативно-еколошка акција за чистење во која учество земаа дваесетина луѓе се одржа на 16.09.2022. Со здружена работа, Biotherm и Пакомак со помош на вработените во парфимериите „Еликсир ексклузив“, како и Ана, позната по својот инстаграм-профил @my.kingdom.of.love, организираа голема акција за чистење на локацијата на поранешниот возачки полигон – Акција за чистење 2022. 

Во оваа заедничка акција за чистење, учесниците собраа 200 килограми отпад од поранешниот возачки полигон.

Собраниот отпад, беше наведен од страна на „Пакомак“ и беше одложен во комуналното претпријатие „Дрисла“.

Пакомак, како колективен постапувач кој се грижи за менаџирање на амбалажниот отпад, секогаш ќе поддржува вакви акции организирани од приватниот сектор и собраната амбалажа во организација на Пакомак ќе биде однесена на рециклирање. Компанијата ‘Еликсир ексклузив’ е светол пример за тоа како треба на волонтерска основа да се даде пример на сите за грижата за животната средина, ни рече Ико Брдароски, менаџер за развој на бизнис и комуникации во „Пакомак“.

Biotherm WaterLovers глобална иницијатива: https://www.biothermwaterlovers.com/ 

За други проекти на „Пакомак“ од областа на екологијата, повеќе можете да најдете на следниов линк: https://pakomak.com.mk/

Нас можете да не’ посетите на https://e-elixir.mk/product-category/brands/biotherm/

Искажете ја вашата поддршка на овие акции со: #BiothermWaterLovers

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.