Никој не ѝ верува дека е со Харис, но Рада Манојловиќ тврди – „Заедно сме, но се криеме!“
Одамна ги нема заедно во јавноста
Пејачката Рада Манојловиќ проговори за своите планови и желби за новата година, но и за тоа зошто одамна не ја гледаат никаде со нејзиното момче, пејачот Харис Берковиќ.
Јас психички не сум во оваа година уште од Октомври,едвај чекам да дојде новата.Оваа година како да ми прелета но не сум задоволна на поле кариера. Во 2022 ќе мора многу да се работи, сакам да снимам повеќе песни. Време ми е за некој дует, баш би сакала да снимам дует со Драгана Мирковиќ, но не е лесно да се најде добра песна за таква прилика.
View this post on Instagram
А за нејзината врска со колегата Рада работите ги гледа вака
Јас и Харис сме заедно од 2016 година и меѓу нас е се како што треба. Врската си трае и стабилна е, а што се однесува до појавувањето јавно, имам да кажам дека што помалку се појавуваме , помалку сме некому “трн во око“ и подолго ќе траеме.
View this post on Instagram