Овој зачин дејствува на кожата на лицето подобро и од ботокс: Ги намалува брчките за рекордно време!

Истражувањата докажале

Фото: Getty Images

Вратете си го младешкиот изглед

Сите жени тежнеат кон младешки изглед, а добрата вест е што не се потребни скапи третмани за да добиете совршени резултати, и тоа во домашни услови.

Сите дерматолози едногласно се согласуваат, а тоа е утврдено и со истражувања, дека куркумата е многу моќен сојузник на затегнатото лице. Од овој зачин можете да направите квалитетна домашна маска за само неколку минути. Еве како:

Состојки:
  • половина лажиче куркума
  • 1 лажиче јогурт
  • половина лажиче кокосово масло (може и маслиново, арганово…)
Приготвување:

Измешајте ги сите состојки и нанесете ги на исчистено лице. Оставете ја маската да отстои 30 минути и потоа измијте го лицето. Треба лицето добро да го измиете со топла вода, тоник или сапун.

Еве што велат дерматолозите, зошто куркумата е добра за лицето и како дејствува:

Куркумата уште од дамнешни времиња е многу ценет зачин и одамна нејзината примена не се ограничува само на приготвување храна. Изобилува со антиоксиданси и антибактериски својства, поради што е одлична за кожата. Куркумата штити од ултравиолетови оштетувања, отстранува акни, ѝ ја враќа еластичноста на кожата и младешкиот изглед.

Дерматологот Ширази вели дека куркуминот што се содржи во овој зачин е одговорен за регулирање на воспалителните процеси на кожата.

Тања Корејли, дерматолог, додава:

„Поради тоа што куркуминот е богат со антиоксиданси и антиинфламаторни компоненти, се покажа како корисен во лекувањето различни состојби, како што се егзема, псоријаза и витилиго. Исто така, се користи и за отстранување флеки.“

Од сите предности што куркумата ги нуди за убавината, доктор Вилијамс рекол дека можеби најинтересната придобивка е „потенцијалната способност на куркумата да ѝ помогне на нашата кожа да изгледа помладо“, укажувајќи на резултатите од истражувањето од 2014 година, кое ја покажало способноста на куркумата да ја намали металопротеиназата и реактивните видови кислород, од кои и двете играат огромна улога во губењето на младешкиот изглед.

Исто така, истражување од 2009 година покажало дека екстрактот од куркума помага во спречувањето брчки, промена на бојата и губење на еластичноста на кожата.

Ги намалува иритациите и црвенилото: Оваа маска е спас за сувата кожа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.