Најпознатиот српски телохранител ја чувал Мадона, Џеј Ло и принцот Хари: Сега се снима филм по неговиот живот

Шоубизнис

Горан Џелатовиќ Ајкула е познато име во светот на шоу-бизнисот, а ги чуваше и некои од најпознатите холивудски ѕвезди.

Горан Џелатовиќ Ајкула чуваше некои од најпопуларните имиња во светот на поп музиката, меѓу кои пејачките Мадона и Џеј Ло, музичарот Роби Вилијамс, кој повремено се занимава и со глума, а тука е и популарниот принц Хари.

Како што неодамна открија извори блиски до телохранителот, неговата животна приказна наводно ќе биде преточена на филмското платно.

Засега се уште не е познато кому ќе му бидат доделени главните улоги, а како што многумина се сомневаат, во филмот Ајкулата ќе ја игра познатиот британски актер Џејсон Стетам, кој му помогна на Горан во кариерата.

Засега единствено потврдено е дека улогата на најдобар пријател на Горан ќе ја игра актерот Тамер Хасан.

Ајкулата со овој бизнис се занимава веќе 26 години, колку што живее во Лондон, а причина за неговото заминување била неговата тогашна девојка. Врската ја прекинал во 1998 година, но продолжил да гради успешна кариера како телохранител.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran (@ajkulauk)

Врвот во кариерата го имаше во 2012 година кога го чуваше американскиот дрим-тим во кошарката, кога го имаше најсилниот договор на Олимписките игри во Лондон, а истата година стана и татко.

Она што е исто така многу интересно е дека Горан бил одличен семеен пријател на починатиот актер Велимир Бата Живојиновиќ, кого често го посетувал во својот дом.

Колку му значел на Бата говори тоа што на својот погреб носел крст, а од сопругата Лула добил подарок кој засекогаш ќе го потсетува на ѕвездата на домашната кинематографија.

Горан Џелатовиќ преку работа се запозна со легендарниот актер и неговото семејство.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.