Најголемите губитници на Евровизија: Потрошиле 650 илјади евра на својата претставничка!?

Евровизиски скандал

Малта сигурно навистина верувала во квалитетот на својата претставничка, инаку зошто би го правела сето тоа?

Многумина веруваа дека токму таа ќе заврши на едно од првите три места, но тоа не се случи. Имено, Малта од публиката доби вкупно 47 бодови, а од ниту една држава не доби 12, па ни 10 бода. Сепак, жирито ѝ беше понаклонето, па од него доби 208 бодови, а норвешкото, романското, австралиското и шведското жири ѝ дадоа по 12 бода.

Наскоро 18-годишната претставничка беше прогласена за „најголема губитничка на Евровизија“, а разликата помеѓу обложувалниците на Малта и гласовите од публиката сега е појасна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Destiny (@destinyofficial_x)

Имено, пред Евровизија, Малта потрошила повеќе од 650 илјади евра на промоција на песната и изведувачката. Министерството за внатрешни работи наредило ревизија на трошоците поради сомнеж дека добар дел од тие пари биле потрошени на обложувалници. Постојат сомнежи дека Малтежаните, одговорни за промоција на изведувачката и песната, финансирале странци да се обложуваат на Малта како победник на Евровизија.

Па така, Малта сега ја тресе голем евровизиски скандал, бидејќи медиумите мислат дека јавната телевизија ги злоупотребила парите на даночните обврзници и ги потрошила на обложување за сопствената претставничка. Наводно, веќе имаат еден инсајдер кој неформално признал сѐ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Destiny (@destinyofficial_x)


Малта се рекламираше на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, а за нејзината промоција биле ангажирани и странски инфлуенсери. 350 илјади евра за промоција издвоила малтешката туристичка заедница, а дополнителни 300 илјади евра обезбедил јавниот сервис.

И така „Je Me Casse“ стана „Je Me Cash“!

Европа ја обожaва, a Русија – не баш: Контроверзната Манижа нè воодушеви на Евровизија, ова е нејзината приказна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.