Мрачна тајна: Излезе нов документарец за вистината на Викторија Сикрет

Документарец

Откако се појави документарецот кој го анализира подемот и падот на брендот “Abercrombie & Fitch”, пристигнува уште едно откритие на мрачната страна на модната индустрија.

Овој пат се работи за серијата која го следи подемот и падот на културниот феномен, популарниот “high street” бренд за женска долна облека, како и неговата поврзаност со еден од најозлогласените личности во светот, Џефри Епстајн.

Режисерот Мет Тирнауер во провокативниот документарец одблиску раскажува како контроверзниот милијардер Лес Векснер (кој бил и еден од клучните личности во “Abercrombie & Fitchu”) направил мултимилијардерски бренд и како “Victoria’s Secret” е поврзан со Епстајн со кој Векснер одржувал блиски односи пред неговото убиство.

Тајната на “Victoria’s Secret”

„Нешто се случуваше во “Victoria’s Secret”, се слушна нечив глас во шпицата од серијата пред да адвокатката Глорија Олред да каже: ‘Имаше многу сериозни предупредувања’.

Позади целиот гламур се криеше мрачна тајна, обвинувања за булинг и вознемирувања на моделите и вработените, рацизам и најшокантното, алармантна поврзаност на Лес Векснер со Џефри Епстајн.

Приказната носи внатрешни откривања клучни за луѓето и брендот со досега невидени интерни снимки и изјави на Ангелите, до контроверзии кои доведоа до конечниот пад на гигантот (од аферата со Клинтон/Левински до #MeToo движењето).

Приказната доаѓа во три дела, а сега е пуштена на стриминг на сервисот на “Hulu”. Кликнете овде да погледнете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.