Момент од погребот на кралицата што многумина не го забележаа: Помеѓу принцезата Шарлот и Меган Маркл се случило нешто неочекувано!

Кралско семејство

Многумина го пропуштија овој интересен момент помеѓу принцезата Шарлот и Меган Маркл на погребот на кралицата

Светските и домашните медиуми веќе го анализираа секој можен детаљ од испраќањето на кралицата Елизабета Втора, а сега на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое може да се види пресладок момент помеѓу Меган Маркл и принцезата Шарлот.

Имено, кога кралското семејство тргнало да ја напушти Вестминстерската опатија по погребот, може да се види како Шарлот се свртела кон Меган, која за возврат срдечно ѝ се насмевнала.

Најголемото внимание на погребот било насочено токму кон 7-годишната Шарлот и нејзиниот две години постар брат, принцот Џорџ. Кејт и Вилијам не го повеле со себе нивното најмладо дете, 4-годишниот Луј.

Се случила уште една интересна ситуација, а главната улога повторно ја имала малата Шарлот. Во краткото видео може да се види дека Шарлот му укажува на постариот брат на кралските правила за однесување.

Изгледало како принцезата Шарлот (7) да му кажала „Треба да се поклониш“ на принцот Џорџ, додека чекале да помине ковчегот на кралицата Елизабета Втора.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Принцезата присуствувала на погребот заедно со нејзиниот постар брат Џорџ. По доаѓањето, заедно со мајка им Кејт Мидлтон (40) му се придружиле на татко им, принцот Вилијам (40), па децата чекореле зад своите родители до олтарот на Вестминстерската опатија.

Шарлот во еден момент ја обзеле емоциите и не можела да ги задржи солзите, па мајка ѝ ја тешела.

Малата принцеза носела црн фустан и дијамантски брош во форма на потковица. Тој брош наводно бил подарок од кралицата, бидејќи Шарлот ја делела љубовта кон коњите со неа.

Сликата од малата принцеза Шарлот ја разгневила јавноста: „Ве молам тргнете ја фотографијата! Зошто требаше да го видиме ова?“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.