Пита од сирење по стариот рецепт на нашите баби: Совршен појадок за цело семејство

Рецепт

Изненадете ги најблиските со вкусна пита со која сигурно нема да згрешите.

Од кујната на нашите баби ни пристигнува рецепт за пита приготвена на малку поинаков начин. Совршената комбинација на гриз и сирење ќе ви се допадне, посебно на најмладите во куќата.

Потребно е:

3 јајца

200 г сирење

100 мл јогурт

1 лажица кисела павлака

30 мл масло

2 лажици гриз

Готови кори

½ прашок за печиво

Приготвување:

Изматете ги наброените состојки да се соединат. Првата кора ја премачкувате со масло, врз неа ја ставате другата, па обилно нанесувате од смесата. Виткате во ролна.

Плехот го подмачкувате, па ги редите користе во круг. Остатокот од филот го истурате врз питата и додавате уште малку масло.

Печете на 200 степени на 30-40 минути. Одличен појадок за цело семејство.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.