„Многу се работи и паметно се инвестира“: Лепа Брена за нејзиниот имот

Шоубизнис

Банкарската сметка на пејачката е честа тема во медиумите, а еве што има таа да каже за тоа.

Луксузниот начин на живот често е причина за негативни коментари на сметка на многу естрадни личности, каде една од нив беше и Лепа Брена.

Во медиумите се појавија различни информации за нејзиниот имот и банкарската сметка, кои често беа „искривени“. Сепак, пејачката долго време не обрнувала внимание на тоа.

„Да размислував за тоа во последните 40 години, ќе завршев на клиника за ментално проблематични луѓе. Им дозволувате на медиумите да допрат до вашиот џеб до одредени граници. Но, тие не можат ни сами да го состават тоа, па го гледам како некаква забава за нив“, изјавила Брена.

Пејачката откри дека во наредниот период нејзиното богатство ќе се умножи уште повеќе поради бизнисот што го започнува и дека дури тогаш е подготвена за се што ќе се пишува.

„Сè уште нема да можат да се соберат! (смеа). Многу се работи и се инвестира паметно. Нашите деца пораснаа, тие сега се мажи кои се занимаваат со бизнис и јас сум исклучително горда на тоа“, рече таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.