Многу песни на Здравко Чолиќ се именувани по некои девојки: Ниту една не е за вистинската личност, освен една напишана пред повеќе од четири децении (ФОТО)

Шоубизнис

Големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ има многу песни во кои се споменуваат имиња на многу жени: „Рушка“, „Ја нарекував Емили“, „Ајде, ајде Јасмина“, „Есма“, „Една зима со Кристина“, „Ангела“, „Милена“..

Жените кои носат некое од овие имиња често ги пеат и во нив се пронаоѓаат. Тогаш кгога се помисли дека Здравко ѝ посветил песна на секоја одредена жена, сепак тоа не било случај.

Пејачот во една прилика објасни дека ниту една од споменатите жени не била вистинска. Песните не настанале така што одредена жена била инспирација, освен една.

Ниедна песна не е за реална жена, освен Кристина, откри Здравко за Glossy во една пригода. Веднаш објасни и за која дама се работи.

Корнелија Ковач ја посвети оваа песна на својата ќерка, откри Чолиќ.

Песната „Кристина“ е дел од вториот албум на Здравко Чолиќ, Ako pridzes blize, од 1977 година, а иако е стара повеќе од четири децении, ниту денес не е заборавена.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.