Ана Ивановиќ за најтешката одлука што ја донела: „Тоа беше голем дел од мојот живот“ (ВИДЕО)

Шоубизнис

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ се присети на моменти од пред 6 години.

Ана Ивановиќ почнала да тренира тенис кога имала само 5 години. Набрзо тој спорт станал нејзина голема љубов и ја следеше се до моментот кога решила да стави точка на кариерата. Ана има освоено 15 ВТА турнири, вклучувајќи го и Грен слем турнирот, Ролан Гарос, во 2008 година. Таа година, таа дојде на првото место на ВТА листата.

Поранешната најдобра тенисерка на светот пред шест години одлучи да се пензионира. Таа сега реши да сподели со своите следбеници на Инстаграм како изгледале тие моменти од нејзиниот живот и дали било тешко да се донесе една ваква важна животна одлука.

„Мислам дека секогаш е тежок момент во мојата кариера, но се мачев со повредите и не ми беше подобро. Беше многу тешко, можеби една од најтешките одлуки што сум ги донелa. Но, тоа беше и охрабрувачко бидејќи тоа беше многу убаво поглавје во мојот живот и со нетрпение очекував се што ќе дојде следно“, објасни Ана.

На прашањето која е најголемата промена што ја носи напуштањето на светот на професионалниот спорт, Ана вели дека тоа е недостатокот на патување и рутината што спортот го донел со себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Сепак, таа не жали за одлуката што ја донела:

„Тоа беше голем дел од мојот живот, но среќна сум каде сум сега“, изјавила Ана на социјалната мрежа Инстаграм.

Ана Ивановиќ сега поголемиот дел од своето време го посветува на семејството. Таа се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер во 2016 година, кажувајќи го судбоносното „да“ во Венеција. Двојката има два сина, Лука (4) и Леон (3).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.