Џенифер Лопез го опишува првиот Божиќ со Бен Афлек: Имале тема за вечерта и ги собрале семејствата (ФОТО)

Шоубизнис

Актерката и пејачка Џенифер Лопез (53) Божиќот го помина дома опкружена со семејството, со сопругот, своите близнаци и децата на Бен од првиот брак.

Џенифер Лопез сподели увид со фановите од нејзиниот прв Божиќ со сопругот Бен Афлек.

Таа создаде тематска прослава поврзана со симболиката на колибри, која таа ја гледа како симбол на љубовта.

„За мене колибрите се гласници на љубовта. Тие се многу агилни. Тие се и најбрзата птица, но секогаш имаат време да застанат, да јадат нешто слатко и да ги мирисаат розите. Се поистоветувам со нив, но повеќе од се, кога и да ги видам, чувствувам дека тоа е знак од Бога дека се ќе биде во ред. Така, оваа година решив дека колибрите ќе бидат совршена тема“, рекла Џенифер, пренесува Мирор.

Таа објасни дека таа и Бен решиле оваа година да ги обединат своите семејства и заедно да го прослават празникот:

„Ги собравме семејствата, ги удвоивме луѓето, ја удвоивме забавата, ја удвоивме љубовта, ги удвоивме подароците и тројно го зголемивме хаосот! Ја одбрав и бојата на колибри за фустанот. Го имав во плакарот, го купив пред една година и чекав совршена прилика да го носам“, вели пејачката.

Џенифер и Бен се венчаа во јули оваа година, прво во Лас Вегас на интимна венчавка, а потоа направија тридневна венчавка во езерската куќа на Бен. Џенифер ги дели близнаците Ема и Максимилијан (14) со поранешниот сопруг Марк Ентони. Бен е татко на три деца: Виолет (17), Серафина (13) и синот Семјуел (10), а ги доби во бракот со актерката Џенифер Гарнер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.