Менаџерот ја дрогирал и силувал, паднала во канџите на депресијата, па исчезнала од јавноста: Денес не личи на себе!

Непрепознатлива!

Американската пејачка Кеша долго време се немаше појавено во јавност

Иако пред неколку месеци предизвикала лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи поради линијата што ја довела до совршенство, американската пејачка Кеша (34) била фотографирана на пазар во непрепознатливо издание.

Пејачката која во еден момент живееше живот од соништата, а потоа успехот скапо го платила кога некогашниот менаџер ѝ оневозможил да се занимава со музика, по што го тужила за психичко и физичко злоупотребување, се обидела да ја врати старата слава, но неуспешно.

Менаџерот Лукас Готвалд, познат како Доктор Лук, физички и психички ја злоупотребувал со години, а таа не смеела да каже ни збор за човекот кој ја вивнал во ѕвездите, бидејќи на негова страна биле парите и моќта, додека таа била само уште една 20-годишна девојка.

Нејзиниот ментор и продуцент последните 10 години ја дрогирал, силувал и ментално ја уништил, контролирајќи ја нејзината кариера и живот, со помош на манипулација и закани. Кеша открила дека ваквото однесување веднаш резултирало со нарушување во нејзината исхрана, како и со постојана потреба за терапија. Кога сфатила дека продолжувањето на соработката би ја убило, пејачката одлучила да излезе пред јавноста и да ја открие целата вистина.

https://twitter.com/KeshasBFFL/status/1379948094981341189?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1379948094981341189%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F169107%2Fkesa-neprepoznatljiva

Целата судска битка и сето тоа што го доживувала од најрани години оставило последици и на нејзиниот изглед, па папараците многупати ја имаат уловено на фотографии на кои не личи на себе.

Врвот бил пред неколку месеци кога на социјалните мрежи осамнале нејзини фотографии од плажа, а обожавателите ширум светот биле збунети поради нејзиното подуено, речиси деформирано лице, поради што се шушкало дека направила пластични операции.

Меѓутоа, потоа сите ги изненадила со одличната фигура и жешкото издание на премиерата на филмот Neon’s Pig во Лос Анџелес, поради кое многумина биле уверени дека Кеша се вратила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kesha (@iiswhoiis)

Потоа повторно исчезнала, а сега, на најновите фотографии, тешко е да се препознае славната пејачка.

Во тексас шорцеви, маица и широк џемпер, таа се шетала на градскиот пазар, а друштво ѝ правела мајка ѝ Пиби.

Кеша повторно ја променила бојата на косата и станала бринета, а долгата коса ја потстрижала и ја врзала во две опавчиња на страна.

Од моментот кога фотографиите се нашле во медиумите многумина коментирале дека изгледа како повторно да ги враќа килограмите, како и дека темната коса воопшто не ѝ стои и дека изгледа постаро одошто е.

„Што е со Кеша“, „Изгледа старо со оваа боја“, Има 34 години, а нозете како да се на баба од 65“, „Повторно правела нешто со лицето“, „Кеша, што се случува сега“, „Само што се врати на добар пат и сега повторно по старо“, „Знаеш дека е лошо кога се бојосува во темно“, „Какви се овие модрици по нозете“, е само дел од она што нејзините обожаватели го забележале.

На Инстаграм е тип-топ, а во живот не личи на себе: Никој не можел да ја препознае пејачката!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.