Меган и Хари преплашени: Излегува биографија за сите нивни тајни

Биографија

Нова биографија за британското кралско семејство која содржи извештаи од некои „инсајдери кои никогаш претходно немаат зборувано“, треба да биде објавена на 21 јули во Обединетото Кралство.

Книгата која ја напиша Том Бауер носи наслов „Одмазда: Меган, хари и војната меѓу Виндзори“. Напишана е на начин да ги разоткрие сите тајни од моментот на „Мексит“, врската на Меган Маркл и принцот Хари со кралицата Елизабета и другите членови на кралското семејство.

„Том Баунер, водечки британски, истражувачки биограф, разоткрива вплеткана мрежа која ги опфаќа војводата и војвотката од Сасекс и нивниот однос со кралското семејство. Од судските драми до дворксите политики, користејќи опфатни истражувања, стручни извори и интервјуа од инсајдери кои никогаш претходно не зборувале, оваа книга открива многу интересна приказна за љубовта, предавството, тајните и одмаздата“, се наведува во рекламниот материјал.

 

Авторот, говорејќи за својата претстојна биографија, изјави: „Дознав некои работи кои се навистина прекрасни кога е Меган Маркл во прашање. Мислам дека сликата на јавноста за нејзе ќе биде или потврдена или уништена, или во секој случај ќе биде големо изненадување“.

Додаде дека ги очекува прекрасна приказна.

„Тоа е неверојатна приказна за една жена која стана нешто од ништо, а сега е светска личност која ги згази сите други на патот кој е класичен за луѓето кои ги одбирам, било да се политичари или тајкуни. Жртвите сакаат да зборуваат и тие прозбореа. И тоа е навистина неверојатна приказна“, продолжи Бауер.

Содржината им била најавена

Од друга страна, како што наведува порталот „Експрес“, кралскиот коментатор Сара Робертсон истакнала дека Меган и Хари се „плашат“ од објавата на книгата.

Таа изјави дека биографијата „открива неверојатна приказна за љубовта, предавството, тајните и одмаздата“, при што војводката била предупредена на содржината на книгата.

„Бауер и рече на Меган: ‘Не очекувајте да ме замолчите’. Тој го даде тоа предупредување и дали тој и даде нокаут удар – навистината е така“, изјави Робертсон.

Според пишувањето на медиумите, Том Бауер поминал година дена собирајќи ги сите докази и екслузивни сведоштва на некои пријатели и непријатели на Меган Маркл. Во меѓувреме, принцот Хари има свои мемоари кои излегуваат на крајот на оваа година.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.