Меган и Хари ѝ се умилкуваат на кралицата: Елизабета дочекала убава вест во самоизолација!

Што смислиле сега...

Минатата година одбиле, сега одвај дочекале!

Кралицата Елизабета одлучила заедно со сопругот принц Филип до крајот на епидемијата на коронавирус да седат во дворецот Виндзор во самоизолација.

Таа се чувствува добро, но јасно е дека најдобро е да се повлече навреме. Последниве денови се среќаваше со многу луѓе, а наскоро ќе наполни 94 години“, открил извор близок на кралското семејство.

Иако и самата спаѓа во ризична група, а притоа стравува за здравјето на своите најмили и за здравјето на своите граѓани, кралицата изутринава дочекала прекрасна вест – нејзиниот внук, принц Хари, ќе го помине летото кај неа, заедно со сопругата Меган Маркл и синот Арчи!

Малиот Арчи првпат ќе престојува во кралската викендица во Шкотска, каде што татко му Хари поминал многу лета во своето детство.

Инаку, минатата година, Хари, Меган и Арчи исто така биле поканети во викендицата на Елизабета, но ја одбиле поканата со изговор дека Арчи е премногу мал за да патува. Се’ ќе беше во ред ако парот неколку дена подоцна не отпатуваше на Ибица заедно со бебето.

Поради тоа, нивната одлука оваа година да ја прифатат поканата се толкува како умилкување на кралицата.

Братот ја моли да му дозволи на болниот татко да го види внукот: На потег е Меган Маркл!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.