Малтретираното 9-годишно момче со џуџест раст одби да оди во Дизниленд

Има попаметен начин да ги потроши донираните пари

Семејството на малтретираното момчето со џуџест раст од Австралија, Квејден Бејлс, чија снимка за малтретирањето го обиколи светот, го одби патувањето во Дизниленд ветувајќи дека 700.000 долари собрани за детето ќе ги дадат во хуманитарни цели, пишува „Дејли мејл“.

Видеото посветено на врсничкото насилство, кое го доживува во училиштето, покренало кампања за патување на Квејден во Дизниленд.

Деветгодишното момче со џуџест раст стана глобална ѕвезда откако неговата мајка ја започна кампањата против малтретирањето.

Сѐ почна со едно вирално видео, во кое момчето зборува дека сака да се самоубие откако било матретирано во училиште. Отворена е и страница на GoFundMe за да се соберат пари за момчето да може да го посети Дизниленд.
Повеќе од 20.000 донатори од целиот свет собраа неверојатна сума од 723.000 долари.

Меѓутоа, во четвртокот попладне, неговото семејство ги изненади обожавателите кога го одби патувањето, велејќи дека повеќе би сакале парите да ги дадат во хуманитарни цели за да се продолжи борбата против малтретирањето и самоубиствата.

Поради тоа  парите ќе ги проследат во шест хуманитарни фондации каде што се попотребни, а како две најважни ги истакнуваат „Свеста за џуџест раст“ и „Фондација за излекување на Балун“.

Веруваат дека на тој начин заедницата повеќе ќе профитира, а секоја организација ќе прими по околу 66.000 долари.

Сакаме парите да одат во организациите на кои навистина им се потребни. Тие ќе знаат на што да ги потрошат парите. Колку само самоубиства се случиле во нашето општество поради малтретирањето – рекла тетката на момчето, Мунданара.

Парите се само мал дел на помош и поддршка што ги доби момчето. Па така медиумите пренесуваат дека ова момче доби нова фризура во најпознатиот салон и гардероба од австралиски бренд.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.