Кога Лила Филиповска ќе влезе во кујна, тоа изгледа вака (ФОТО)

Изнедување

Водителката на гледаната ТВ-емисија „Се’ или нешто“, популарната Лила Филиповска никогаш не се претставувала како врвна домаќинка. Иако знае да зготви речиси се’, сепак кујната не ѝ е омиленото место на престој, па со задоволство им ја отстапува на поумешните од себе или на т.н. мераклии за готвење.

Сепак, за време на снимањето на споменатата емисија, убавата водителка одлучи да ги изненади колегите во соседното студио во кое се снимаше кулинарската емисија „Брза кујна“.

Оваа нејзина посета заврши со заедничка фотографија која осамна на Фејсбук со појаснувањето:

ФОТО:БРЗА КУЈНА/ФЕЈСБУК

Ненадејна посета го прекина снимањето на ‘Брза кујна’. Фантастичната и незаменлива домаќинка и водителка на најгледаното шоу ‘Се’ или нешто’ не’ изненади и ни направи чест со својата појава во нашето кулинарско шоу ‘Брза кујна’. Ти благодариме за честа, Лила Филиповска! Доаѓај почесто, заедно ќе учиме да готвиме со Марк де Јонг и Никола Мишковски“, напиша водителката Сања Савеска.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.