Ким Кардашијан објави фотографија од тинејџерските денови, не потсетува воопшто на денешниот изглед? Како се промени? (фото)

Животни промени и одлуки!

Еднаш се живее или …

Ким Кардашијан на социјалните мрежи го честиташе роденденот на својата најдобра пријателка Алисон Статер.

Таа во оваа прилика објави нивна фотографија од тинејџерските денови.

„Среќен роденден на мојата најдобра пријателка Алисон. Најдобри пријателки сме 43 години: тоа звучи старо и лудо. Ја сакам оваа наша слика од средно училиште! Ме враќа во толку посебен период од нашите животи. Имавме 16 години, на нашето прво летување со твоите родители на југот на Франција. Тоа беше мое прво патување во Европа и цело време водев дневник, а сè уште го имам“, рече таа.

Фотографијата за помалку од еден ден собра повеќе од 600.000 лајкови, но Ким наиде на критики. Многумина прокоментираа дека претерала со ефектите на фотографијата, некои потенцираат дека поубава би била ако ја споделеше оригиналот.

Што мислите вие?

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.