Ќерката на Силвестер Сталоне се појавила на снимање и настанал општ хаос: Дали е реално тоа што изгледа толку добро?

Сите гледале само во неа

Таа е главна тема на сите светски медиуми

Доволно било само да го посети славниот татко на сетот на филмот што моментално го снима, за сите да пишуваат во неа.

Силвестер Сталоне од бракот со сопругата Џенифер има 3 ќерки што станале вистински убавици, а се чини дека Софија (25) моментално е најинтересна за јавноста.

Таа дефинитивно ја наследила убавината од мајка ѝ, која е поранешна манекенка. Студирала комуникации на Универзитетот во Јужна Калифорнија, а многумина претпоставуваат дека наскоро ќе се појави и на големото платно.

Вчера, папараците ја уловиле во Њујорк, каде што отишла за да го посети татко ѝ.

За оваа пригода одбрала тесни фармерки во светлосина боја, како и тесна маица во истата боја. Косата ја пуштила слободно да паѓа, а не претерала ни со шминката.

Таа дефинитивно е заговорничка на природниот изглед, за разлика од Силвестер и Џенифер, кои се редовни гости на естетските клиники.

„Природна убавица, на неа треба да се угледаат младите девојки“, „Девојки, гледајте и учете. Природниот изглед секогаш е подобар од естетските корекции кои денес се популарни“, „Прекрасна е!“, можело да се прочита на социјалните мрежи.

Оставила милијардер поради него и му родила три деца: Која е жената што Силвестер Сталоне ја сака 25 години?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.