Еве како изгледа постарата ќерка на Николина Пишек (ФОТО)
Не сака да се експонира во јавноста, а завршила медицина на престижен британски универзитет.
Водителката Николина Пишек (46) неодамна го загуби сопругот Видоје Ристовиќ, кој почина на 44-годишна возраст. Со него ја има ќерката Уна Софија, а има и наследничка од емотивната врска со новинарот Марко Цигој.
Од таа голема љубов, родена е Хана Леонарда, која денес има 25 години.
View this post on Instagram
Велат дека е вистинска копија на својата мајка. Сепак, таа не ја наследи страста за медиумите од неа или од својот татко, туку се определи за медицина и неодамна дипломира на Универзитетот во Единбург, пишува „Хело“.
View this post on Instagram
Постарата ќерка на Николина Пишек не сака да се експонира во јавноста, иако хрватските фотографи секогаш ја следат кога доаѓа во Загреб да ја посети мајка си.
View this post on Instagram
Хана е во врска со Андреј Иваниш од Бања Лука, кој исто така моментално живее во шкотскиот град каде што е на постдипломски студии.