КАКВА НЕБЛАГОДАРНОСТ: Пријателката ѝ подари бубрег, а таа не ја ни спомна: Јавноста беше згрозена од тоа што го направи познатата пејачка, а кога ќе го слушнете нејзиното оправдување, ќе се изненадите уште повеќе

Шоубизнис

Во документарецот за животот на пејачката и актерка Селена Гомез „My Mind & Me“ не се споменува една важна личност, девојката која ѝ донира бубрег и ѝ го спаси животот.

Филмот ги прикажува последните шест години од животот на Селена Гомез, како и нејзината борба со лупус, автоимуна болест која предизвикува природна имунолошка одбрана на телото да го напаѓа здравото ткиво.

Поради лупусот, Селена Гомез имаше трансплантација на бубрег во 2017 година, се бореше со депресија и биполарно растројство. Хуманиот гест на нејзината поранешна пријателка и колешка Франка Рајза воодушеви многумина, а пејачката со години ја нарекуваше „сестра“.

Меѓутоа, во споменатиот филм нема ни збор за Франка. А Селена ја именуваше Тејлор Свифт за нејзина единствена вистинска пријателка во интервју за американскиот магазин „Ролинг стоун“.

Никогаш не се вклопувам во група на ‘кул’ девојки. Мојата единствена пријателка во индустријата е навистина само Тејлор, рече Селена, која потоа зборуваше за нејзината борба со болеста и трансплантацијата, без да ја спомене Франка.

Разочараната пријателка ја сподели изјавата на Селена Гомез за Тејлор Свифт со коментар: „Интересно“, а потоа ја отследи од Инстаграм.

Селена потоа објави видео на ТикТок во кое зборува за овој потег, велејќи:

Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе што ги познавам, што дополнително ја налути јавноста.

@selenagomezBut everyone is a 10, remember that fact while viewing♬ original sound – Selena Gomez

Летово Франка зборуваше за тоа колку донирањето бубрег ѝ го смени животот: Бидејќи имам еден бубрег што функционира и дејствува како филтер за моето тело, морам да внимавам што јадам и не можам да внесувам многу протеини. Јадам многу, но морам и да ја џвакам долго храната што ми отежнува да јадам и не можам да се здебелам.

Рајс ја обвини Селена за враќањето на алкохолот по операцијата. Што ѝ да се случило меѓу нив, потегот на Селена Гомез изненади многумина, дали и вас?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.