Пејачката се појави покриена со ЌЕБЕ: Били Ајлиш првпат со саканиот на црвениот тепих и тоа во ОВА издание!

Интригира

Били Ајлиш повеќе не крие дека е среќно заљубена, па се појави со своето момче Џеси Радерфорд на еден настан.

Талентираната пејачка првпат се појави во јавноста придружувана од нејзиното ново момче Џеси Радерфорд, и тоа покриена со ќебе.

Во неделата вечерта, тие се појавија на настанот Lakma Art + Film Gala 2022, позирајќи им на фотографитезавиткани во големо ќебе на „Гучи“.

Парот прво се појави целосно завиткан во ќебе, а подоцна го отвори, појавувајќи се во пижами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Били носеше ноќница со тантела и длабоко деколте, во комбинација со свилена наметка. Таа имаше и маска за спиење на главата, за да може целосно да го реализира овој изглед..

Нивното прво заедничко појавување се случи неколку дена откако пејачката (20) и фронтменот на групата Neighborhood (31) ја официјализираа врската на Инстаграм.

Двојката во претходниот период во неколку наврати беше видена, што ги подгреа гласините дека младата пејачка конечно ја најде среќата во љубовта со 11 години постариот колега.

Колку си одговараат покажува нивната насмевка, како и стајлингот што го одбрале со ќебето, па се чини како да велат: толку удобно се чувствуваме заедно, што не сакаме да излеземе од креветот и куќата.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе