Како славните личности им го загорчуваат животот на келнерите: Поранешен вработен открил како се однесуваат!

Откритие

Славните личности ја чуваат својата приватност далеку од очите на јавноста, но тие, како и сите останати, повремено сакаат да се опуштат во ресторан, а некои од нив неретко ги изненадуваат келнерите со својата љубезност, но не се сите такви

Поранешниот келнер од Лос Анџелес, Стефин Лаконте, открил како славните личности успеваат да им го загорчат животот на келнерите и угостителите.

Бараат попусти

„Можеби би помислиле дека со оглед на тоа што заработуваат огромна сума на пари, попустот од 10 отсто нема да им значи многу, но повеќепати имам доживеано да ме прашаат дали можат да добијат попуст или нивните асистенти однапред се јавуваат и бараат попуст. Одговорот најчесто е не.“

„Знаеш ли ти кој сум јас?“

„Ова е клише, но често го имам слушано. Најпознатите личности никогаш нема да кажат нешто такво, но оние помалку познатите често го поставуваат ова прашање, а одговорот е ‘жал ми е, но не знам’.

Не оставаат бакшиш

„Повеќето од нив оставаат одличен бакшиш, но секогаш се појавува некој кој едноставно е кретен. Сопствениците на ресторани често ги почестуваат и не мораат да ја платат сметката, но ако веќе си добил бесплатен оброк, барем остави бакшиш!“

Не сакаат директно да разговараат со келнерот

„Наместо тоа, ни се обраќаат нивните асистенти. Разбирам дека не сакаат да привлекуваат внимание, но многу е понижувачки кога некој не сака ни да те погледне.“

Бараат подобра маса затоа што се славни

„Нема да ве лажам – славните обично добиваат најдобри маси, но ако се појават без резервација, а има гужва во ресторанот, немаат опција да бираат. На некои тоа не им пречи, дури и подраго им е да добијат маса таму каде што најмалку ќе привлекуваат внимание, но други добиваат нервни сломови ако ги сместиш на ‘полоша’ маса одошто си замислиле.“

Резервираат маса под лажно име, а потоа бараат подобра кога ќе дојдат во ресторанот

„Нема ништо лошо во тоа што резервираат маса под туѓо име, но тогаш немаат право да се лутат кога ќе се појават неочекувано.“

8 ситуации што го откриваат вистинското лице на секој човек: Нема грешка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.