Ја обвинил за ракот и брутално ја посрамотил пред сите: Вака Мајкл Даглас го спасил својот брак!

Дознајте повеќе

Синот на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас дипломирал, а славната мајка не криела колку е горда на него

Успехот на детето е гордост на секој родител, а својата среќа поради дипломата на синот не ја скрила ниту славната холивудска актерка Кетрин Зета-Џонс (52).

Па така, на Инстаграм објавила фотографија на која го прегрнува својот син Дилан (21), кој дипломирал.

„Честитки за дипломата Дилан, сине мој, моја гордост, моја среќа! Неописливо сум горда на тебе и бескрајно те сакам“, напишала во објавата под која само се нижеле честитки до синот на актерката и славниот актер Мајкл Даглас (77).


Кетрин и 25 години постариот Мајкл се во брак од 2000 и обично не споделуваат фотографии од своите деца. Сопружниците, покрај синот Дилан, имаат и ќерка Карис (18).

Инаку, не било сé сјајно во 22-годишниот брак на Кетрин и Мајкл. Американските медиуми во 2013 година дознале дека сопружниците живеат одвоено и дека размислуваат за развод, но сепак тие се смириле истата година. Подоцна, Даглас истакнал дека е среќен што Зета-Џонс му е сопруга.

„Со текот на годините научив да ја почитувам и ценам. А удел во тоа имаше и стареењето, бидејќи ви преостанува ограничено време, па мора да бидете најдобри што можете“, раскажал тој.

Додал и дека сака да поминува многу повеќе време со сопругата одошто со кој било друг човек.

„Се обидувам да бидам што повнимателен кон неа, која ми е најблиска, наместо да губам време со луѓе што едвај ги познавам“, нагласил и открил дека тој и Кетрин би сакале заедно да глумат во филм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)


Кетрин била покрај Мајкл и кога тој се борел со карцином на грлото, за што дури подоцна проговорил. Актерот во 2015 година рекол дека се кае поради неговите изјави во врска со ракот што ги дал во интервју за The Guardian.

Двојниот оскаровец тогаш раскажал дека неговата болест можеби е предизвикана од овозможување орален секс, со што ја обвинил својата сопруга.

„Тоа беше една од оние непромислени работи и зажалив поради срамот што ѝ го нанесов на Кетрин и на нејзиното семејство“, раскажал тој.

Неговата изјава, наводно, била и поттик за разговорот за развод што го покренала Зета-Џонс.

Двојката поминувала низ тешки моменти и поради биполарното нарушување на актерот. Тоа се карактеризира со големи депресивни епизоди, што се менуваат со хипоманиски епизоди. Депресијата се манифестира со поголем интензитет од манијата. За време на напад од хипоманија, расположението се подобрува, потребата за сон се намалува, а психомоторната активност се забрзува.

Поради тоа, Кетрин еден период престојувала во психијатриска клиника, се оттргнала од работата и од сé што би ѝ предизвикало каков било стрес.

Еве која е првата жена на Мајкл Даглас и што му направила: „Требаше многу порано да се разведам од неа!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.