Водителот Ване Маркоски замина на егзотична дестинација со ОВАА Македонска убавица! (ФОТО)
Уживаат за сите пари!
Водителот Ване Маркоски по напорната работа годинава одлучи малку да си даде оддишка, и тоа на една од најубавите локации. Тој неделава престојува во луксузниот Бодрум. Но, Ване таму не е сам.
Друштво му прави убавата модна дизајнерка Ива Спасовска. Па чаршијата веднаш почна да плете приказни, дали можеби помеѓу нив има љубовни искри?
Но, за „Убавина и здравје„ тие ги демантираа овие гласини. Имено, Ване и Ива се во Бодрум со уште десетина други водители и новинари, на службено патување кое велат многу добро им дошло.
View this post on Instagram
Ива е прекрасна личност, пријатно ми е во нејзино друштво, како и во друштво на останатите колеги новинари. Знаете дека таа има многу следбеници на Инстаграм, па сите кои ја следат знаат и дека таа веќе подолго време има момче во кое е вљубена.
Верувам дека и него ќе го запознаам кога ќе се вратиме дома. Ова ми е прв одмор годинава, и морам да ви признаам, навистина ми требаше за да ги наполнам батериите..ни кажа Маркоски.
Истото го потврди и Спасовска:
View this post on Instagram
Очекувајте од мене многу убави фотографии од Турција, јас верувам дека ќе успеам да ги доловам овие пејзажи кои овде ги гледаме во живо. Точно е дека со Ване сме само соработници и пријатели.
Овде се собравме одлична екипа, ми одговара нивната енергија, верувам дека ќе биде незаборавно патување. Ќе посетиме повеќе градови и хотели. А мојот сакан ме чека во Скопје заедно со моите две кучиња, и секако дека ми недостасуваат, изјави младата дизајнерка Спасовска.
View this post on Instagram