Ивона Нацевска блесна со сиот свој сјај: Во тоа ѝ помогна и гламурозниот накит на „Адор голд“ (ФОТО)

Во фоајето на Националната опера и балет одржаа концерт Ивона Нацевска, сопран, и Андреј Наунов, пијано. На програмата беа дела од В. Белини, Џ. Капуро, Ж. Бизе, Ф. Обрадорс, С. В. Рахманинов и други. Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Ивона Нацевска е млада оперска пејачка, уметник, кој својот талент, посветеност и љубов кон музиката ги покажува од рано детство. На своја 5 годишна возраст станува член на детскиот хор „Лале“ во Тетово, подоцна и во ГЖМХ „Менада“. Во текот на изминативе години, Ивона има остварено награди на меѓународни и државни натпревари. Моментално е вработена во НУ Национална опера и балет.

На концертот во МОБ, Ивона блесна во свечена тоалета и гламурозен накит на „Адор голд“.

Се’ почесто токму овој бренд на накит е избор на голем број познати дами за гламурозните настани.

Андреја Наунов е добитник на неколку државни награди по камерна музика и пијано, а има и оставрено бројни солистички рецитали, настапи со Македонската Филхармонија и оркестарот на Македонската опера и балет.

Покрај пијанистичката, корепетиторската, вокалната кариера се реализира и во полето на диригирањето, поточно со хорот на црквата Пресвета Богородица од Скопје, со кој хор во 2012 и 2016 година оствари извонредни концерти во Виена во дворецот Шонбрун и во една од најголемите цркви во Виена ,,Св. Петар”. Во 2015 оствари турнеја низ Италија со хорот имајќи неколку концерти во Венеција, Бари, а хорот беше и дел од чествувањето на Св. Кирил и Методиј во Рим.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.