Животот во пандемија на корона вирус трае речиси цела година. Промени многу нешта како што и предходните пандемии го менувале животот, а она што после секоја пандемија следувало се хедонизам, претерано трошење, сексуална разузданост.
Додека многу млади луѓе мислат дека животот ќе остане ваков, променет под плаштот на короната, стручњаците преопорачуваат  дека во сите нас тлее се што сега ни е забрането и дека е прашање на време кога се ќе “експлодира“.
Професорот и социјален епидемиолог др. Николас Кристакис вели дека кога пандемијата ќе заврши ќе постои период кога луѓето ќе ја интезивираат социјалната интеракција и затоа предвидува “бучни години“ како што било и после грипот 1918 година. Тоа може да значи сексуална разузданост, либерално трошење и однесување спротивно на религиските норми.

Неговото мислење го делат и многу други стручњаци.

-Исто како кога некој е прегладнет. Во моментот добивате чинија со храна и јадете премногу и многу брзо. Тоа ќе се случи и со нас . Ќе дојде до неконтролирана интеракција меѓу луѓето сите интезивно ќе се дружат. Многу често времето ќе го поминуваат во природа, ќе одат на концерти ќе патуваат. Нормално тоа ќе се однесува на сите оние кои ќе можат да си дозволат вакви луксузи затоа што долги ќе бидат економските последици од  пандемијава- вели Николас

Вирусот сите не успори, а Кристакис предвидува дека безгрижната иднина нема да дојде додека друштвото не ја дистрибуира и не ја прими вакцината, а тоа ќе се слуци некој ден во 2021, а комплетно закрепнување би дошло кога друштвото и економски ќе закрепне најверојатно во 2023 година.

Photo: Pixabay