Го остави сопругот, па се прероди: Старлетата ужива во сингл-животот – дали ова е најубавото издание на Ким Кардашијан?

Модерно

По 20 години емитување, на реалното шоу Keeping Up with the Kardashians му се ближи крајот

Во најавата за финалната сезона за семејството Кардашијан, Ким Кардашијан плаче поради разводот, велејќи:

„Се чувствувам како губитник!“

Да, станува збор за нејзиниот развод со музичарот Канје Вест. Но додека во серијалот плаче, пред папараците Ким позира среќна и задоволна.

„Сама и подготвена за дружба“, велат папараците кои го следат секој нејзин чекор.

Имено, старлетата била видена како излегува на вечера со пријателите во провокативен бел фустан, со пуштена коса и интересен ѓердан во металик боја.

Дискретно, чисто и многу модерно. Овој тесен фустан совршено ги исцртува нејзините облини, без да прави да изгледа вулгарно.

Изгледа дека Ким процути откако се ослободи од проблематичниот рапер.

Ким Кардашијан и Канје Вест се потпишаа на документите за развод на бракот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.