Пролетна детоксикација: Не е потребно да пиете еден ист пијалак секој ден – избирајте по ваша желба!

Корисно

Вкусните и здрави пијалаци за детоксикација ќе ви помогнат да ја намалите надуеноста и да го подобрите вашето здравје. За максимална благосостојба и побрз ефект, се препорачува да се придржувате до правилна исхрана: јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, исфрлете ја тешката храна

Не е потребно да пиете еден ист пијалак за детоксикација секој ден. Избирајте ги пијалаците според вашето расположение, вкус и желба. Ако претходно не сте го практикувале овој начин на детоксикација, избраниот коктел можете да го направите така што ќе биде помалку концентриран, но за забележителен резултат, мора да ги пиете овој пијалаци најмалку десет дена.

Напивка од ѓумбир и ананас

Помага за контрола на апетитот, придонесува за подобро варење, го регулира нивото на холестерол. Изматете во блендер 150 гр ананас, 1 лажиче излупен корен од ѓумбир, третина лимета со кора, неколку ливчиња од нане, две лажичиња мед и 300 мл вода.

Пијте го еднаш на ден пред ручек – два часа пред оброк. Оние што никогаш не ги пиеле овие коктели може да почнат со половина порција и да ја разредат со вода до полн волумен. По неколку дена, пијте неразреден коктел, но двапати на ден. По уште неколку дена, испијте цела порција одеднаш.

Фото: Getty Images

Зелен коктел

Го зголемува лимфниот проток и ја стимулира работата на дигестивниот тракт. Измешајте во блендер исечено зелено јаболко, киви, краставица, едно-две стебленца целер и неколку ливчиња свежо нане. За подобар ефект, додајте една лажица ленено семе. Применувајте го исто како и претходниот пијалак.

Одвар од зелка

Ефикасно го отстранува вишокот вода и го намалува отокот. Здрав е, но не е многу вкусен. Со шест чаши вода прелејте 300-400 г сечкана зелка. Држете ја на тивок оган 15 минути. Не посолувајте! Одварот потоа оладете го и исцедете го. Чувајте го во фрижидер. Испијте го во еднакви делови во текот на денот.

Текст: Татјана Шчербакова, треварка, Москва

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.