Бучен Козјак одбележа 40 години постоење со гламурозна прослава

Погледнете

40 годишното постоење, Бучен Козјак го одбележа со гламурозна прослава на која беа поканети голем број соработници, вработени, луѓе кои во изминатите години допринеле за развојот на брендот

Реномираната компанија за преработка на млеко и прозводство на млечни производи „Бучен Козјак“, оваа година го одбележува своето 40 годишно постоење на македонскиот пазар.

Од своето основање во 1983 година, Бучен Козјак произведува природни млечни производи кои се комбинација од традиционални рецепти во индустриски капацитети. Преку нивната силна посветеност на квалитетот, иновациите и задоволството на клиентите, се препознава како доверливо име во млечната индустрија.

Во текот на изминатите години, Бучен Козјак достигна огромен раст и развој, благодарение на инвестициите и посветеноста на нивниот талентиран тим. Преку нивната експертиза, креативност и колаборативен дух, доби бројни признанија, ја прошири продажната мрежа и воспостави долгорочни соработки.

40 годишното постоење, Бучен Козјак го одбележа со гламурозна прослава на која беа поканети голем број соработници, вработени, луѓе кои во изминатите години допринеле за развојот на брендот.

На самата прослава збор зема генералниот менаџер на Бучен Козјак – Наташа Денковска Бојковски. Во своето излагање таа посебно се заблагодари на својот тим и на секој вработен и соработник во големото семејство на Бучен Козјак.

„Би сакала да се заблагодарам на сите наши ценети потрошувачи, членови на големото семејство на Бучен Козјак, колеги, соработници, добавувачи, откупувачи, млекопроизводители за дадениот допринос, посветената работа, лојалност, истрајност, труд и вложените напори за успешното работење.

Со визионерско лидерство, сплотени како семејство, заедно ги одржуваме вредностите и ја продолжуваме долгогодишната приказна која поврзува генерации на потрошувачи!”

Збор земаа и сопствениците на Бучен Козјак, Слободан Стојковски и Снежана Станојковиќ кои се заблагодарија за довербата, посветеноста на вработените и упорноста во исполнување на визијата на нивните родители – а тоа е – да се откупува само квалитетно млеко и да се произведуваат природни млечни производи.

На самата прослава компанијата Бучен Козјак им додели статуетки на своите соработници, но и на оние кои работниот век го поминале во компанијата -вработени со најдолг работен стаж, признанија за најголеми фармери, најдолгогодишен соработник млекопроизводител-кооперант, најдолгогодишни соработници –дистрибутери, како и статуетка за прво вработен во компанијата.

А останатите присутни имаа можност да уживаат во коорпоративното видео, со презентираната приказна од четири децениското работење на Бучен Козјак, во кое што можеа да се видат почетоците, историјата и сегашноста на компанијата.

Забавата беше поддржана од единствените Либеро бенд и неповторливата Мартија Станојковиќ .

Компанијата Бучен Козјак останува посветена на нејзините основни вредности квалитет, интегритет и фокусираност кон потрошувачите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.