Британското семејство стравува за здравјето на идниот крал: Откриени се детали за лошата здравствена состојба на принц Вилијам!

Сите се грижат за неговото здравје!

Војводата од Кембриџ се соочува со голем проблем

Здравјето на принц Вилијам (36) е сериозно нарушено. Според британските медиуми, проблемот не е воопшто наивен. Таблоидот National Enquirer ја шокира британската нација кога објави насловна страница со информација дека принцот Вилијам „малку по малку“ го губи видот, поточно со текот на годините може целосно да ослепе.

Според написите на овој магазин, здравјето на принц Вилијам веќе некое време не е баш најдобро. Војводата од Кембриџ за време на изолацијата одлучил да побара помош од стручен тим на лекари во Велика Британија за да му помогнат. Губењето на видот многу го загрижило и ќе се обиде да направи сѐ за барем да го забави овој голем здравствен проблем.

„На принц Вилијам му остануваат уште пет години пред целосно да го изгуби видот“, открил извор од кралскиот двор.

Вилијам, наводно, јавно зборувал за својот проблем и не сакал да крие ништо од својот народ.

„Вилијам јавно објави дека неговиот вид се влошува. Но во ѕидовите на кралската палата, тој е смртно исплашен дека целосно ќе го изгуби видот. Сите во британското семејство се шокирани и се надеваат дека лекарскиот тим ќе му помогне“, додал истиот извор.

Иако веќе некое време се знае за овој проблем на принцот, сега се открила информација и што е причината за тоа.

„Не е тајна дека Вилијам и Кејт се многу лути и огорчени што Меган и Хари се откажаа од кралските должности. Иако Кејт, како и секогаш, во јавност се преправа дека е храбра, се плашам дека приватниот живот им се распаѓа. Борбата на Вилијам со слепилото дефинитивно ги уништува и им ги крши срцата“, заклучил изворот.

Откако дознал дека му остануваат само уште неколку години во кои ќе може јасно да гледа, целото семејство е на нозе. Имено, за време на карантинот, тој анонимно работел на една телефонска линија и им помагал на луѓе со психички проблеми со своети совети.

Свесен дека и самиот тој минува низ тежок период и дека можеби никогаш повеќе нема да биде исто, одлучил да им помогне на сите што може. Инаку, Вилијам често зборува за менталното здравје. Неодамна прозборел и за својата борба со анксиозноста. Со оглед на тоа што и самиот поминал низ сето тоа, принцот настојувал со пораки да им помогне на оние што барале помош.

Вилијам одговарал на пораки откако поминал тренинг во хуманитарна организација што се занимава со ментално здравје. Во волонтерската работа му се придружила и сопругата, на малку поинаков начин. Кејт разговарала со родители за проблемите со кои секојдневно се среќавала како мајка.

Секси-фустанот во кој Кејт Мидлтон го завела принцот Вилијам се најде на листата на најскапо продадени парчиња на аукција
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.